About The Speaker
Лазар Џамиќ
Лазар Џамиќ е предавач по дигитален маркетинг на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград (ФМК), Бизнис школа Лозана (БСЛ) и Економскиот факултет во Љубљана, Словенија. Тој е еден од најистакнатите бренд и маркетинг стратези во регионот, со повеќе од 20 години искуство на еден од најконкурентните пазари во светот. Тој е поранешен раководител на секторот за Бренд Планирање во креативниот тинк-тенк на Google ZOO во Лондон, каде што го оформи стратешкиот тим и во индустријата воведе два од првите светски Creative Data Scientists. Неговата мисија во Google беше „да ја претвори светлината во топлина“: огромна количина на податоци на Google во изненадувачки и длабоки согледувања за создавање одлични приказни за брендовите. Пред Google, тој исто така работеше како директор за стратегија во неколку лондонски креативни агенции и беше еден од првите дигитални стратези во Велика Британија. Работел на кампањи и програми за некои од Најомилените брендови во Велика Британија, како што се Tesco, John Lewis, Waitrose, Virgin Holidays, Nando’s итн. По неговото враќање од Лондон, Лазар е еден од најбараните тпредавачи за дигитален маркетинг и трансформација. Работи со некои од најголемите локални и регионални клиенти како Telenor, Mercator, Adidas, Erste Bank и други. Тој беше член и на Советот за креативни индустрии на српската премиерка, советувајќи за аспектите на развој на креативните сектори во Србија, како и консултант за креативни индустрии за Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Тој е предавач за маркетинг во регионална PwC Mini MBA Academia, поранешен новинар, соработник на The Guardian и исто така автор на неколку бестселери. Лазар Џамиќ е редовен говорник на глобални и регионални конференции на теми од дигитален маркетинг и storytelling. Неговата книга „ The Definitive Guide to Strategic Content Marketing “ беше објавена од издавачката куќа Kogan Page во 2018.