About The Speaker
Јадранка Накова
Искусен маркетинг и комуникациски стратег со 20-годишно меѓународно работно искуство во неколку различни индустрии. Водела маркетинг и ПР-оддели во мултинационално окружување за автомобилски, вински и софтверски брендови, креирајќи и имплементирајќи иновативни бренд-стратегии за најконкурентните светски пазари. Во постојана потрага по нови искуства и трансформирачки трендови, во моментот таа е на позицијата маркетиг и ПР-директор и член на Одборот на директори во клиничката болница „Жан Митрев“. Одлично конектирана во корпоративната и старт-ап заедницата, таа е тивок ментор и советник на млади жени што градат кариера. Силен поддржувач на идејата дека до кој било во светот се стигнува со неколку телефонски повици.