About The Speaker
Александра Дилевска
Александра е една од основачите на Publicis Groupe Македонија и во моментов Главен извршен директор за Хрватска и Македонија, како и Оперативен директор за Adriatic регионот. Има огромно искуство во стратегија, градење на брендови и креирање на кампањи за локални и интернационални клиенти во Македонија и во регионот. Во колекцијата професионални награди се наоѓаат Cannes Lions, Euro Effie, Eurobest Golden Drum, Balcannes, IdeaX. Низ работата ја промовира уметноста и културата и заедно со агенцијата преку про-боно проекти придонесува за заедницата. По образование е инженер по компјутерска наука, со МБА во Маркетинг на Sheffield University и одликувана со Орден за уметност од Република Франција. Сака да создава, не сака status quо, верува во пасија.