a
Don’t _miss

Wire Festival

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Nullam blandit hendrerit faucibus turpis dui.

<We_can_help/>

What are you looking for?

>Лења Фарагуна
speaker_info

About The Speaker

Лења Фарагуна

Со диплома по Aнглиски Jазик и американски студии на Универзитетот во Виена, Универзитетот Карл-Франценс Грац и Јуси VII во Париз, таа започнува да предава Англиски Јазик во големите корпорации. Лења подоцна се вљубува во радиото како медиум и ја пишува својата магистерската теза на тема Семиотика во радио рекламирањето на Универзитетот во Источен Лондон. Член е на одборот на најголемата радио конференција во Европа (The Radiodays Europe), го основаше Бирото за радио рекламирање Словенија и го советуваше и поддржуваше основањето на Бирото за радио рекламирање во Србија. Таа започна ново движење на модерен маркетинг, наречено marCAREting, каде што верува дека ако навистина се грижиме секојдневно за себе, тогаш можеме вистински да се грижиме за нашите клиенти и да го развиеме нашиот бизнис што е можно побрзо и полесно. Во последните 5 години таа ги води жените претприемачи да се свртат во дигиталните деловни модели со создавање дигитални производи (курсеви, членства, бета курсеви итн.). Лења има зборувано на меѓународни конференции рамо до рамо, со светски познатите Гери Ванерчук, Funky Business Guys - Кјел Нордстром и Јонас Ридерстерл, Џулијан Треџ и Роберт Мареј. Во моментов, Лења работи на два проекта THE UNBREAKABLE FAMILY на англиски јазик и BIZNIS BFF на словенечки јазик, каде ги води неконвенционалните претприемачи да научат како да комуницираат поубедливо, од човек до човек, реално, сурово и релевантно. Всушност, како органски да креираат заедница на социјалните мрежи.